Уставен закон на Република Хрватска целосно, содржинно и квалитетно ја регулира проблематиката на националните малцинства. Исто така, пропишува дека со цел унапредување, сочувување и заштита на положбата на националните малцинства, како и остварување на нивните права, националните малцинства можат да изберат свои претставници во единиците на локална и регионална самоуправа.
Припадниците на македонската национална малцинство добија право да изберат Совет на македонската национална малцинство за Град Риека од 15 членови.
Првите избори за Совет се спроведени на 18. мај 2003. за мандатно раздобје 2003.-2007. Според исти услови се избрани Совети за мандатно раздобје 2007.-2011. и 2011.-2015. и 2015-2019.
Основна улога на Советот е следење и предлагање мерки за одржување, унапредување и заштита на положбата на националните малцинства, како и создавање услови за што поуспешно остварување на правата на припадниците на националната малцинство.
Во договор со МКД Илинден се покрена постапка за организација на училиште за дополнувачка настава на македонски јазик по модел Ц.
Во организација на МКД Илинден и Основно училиште Центар, со соодветна програма на 07. мај 2008. се обележа почетокот на работа на учење македонски јазик за основно училиште.
Советот даде иницијатива за покренување постапка за изградба на Македонски културен и духовен центар во Риека и на Град Риека му е поднесена заедничка барање за доделување локација.
Од проектот привремено се отстапи поради лоши економски прилики, и се одлучи да се даде поддршка на изградбата на македонска православна црква во Загреб.
Земајќи го предвид значењето на дејството на Света браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, Советот предложи Македонците од Риека и Пула да одржат заеднички собир во Роч. За значењето на Алејата на глаголицата, стручни толкувања дадоа проф. д-р Санја Зупчиќ и проф. Ненси Чаргоња.
Од 2012. на предлог на друштвото Сињали од Башка на островот Крк, деновите на Света браќа се обележуваат и со Стопа на глаголицата која завршува со пристигнување во црквицата Света Луција во Јурандвор, местото на откривање на подарочната Башка плоча.
На иницијатива на Советот, Град Риека потпиша Повелба за пријателство со градот Битола во РМ. Делегација составена од осум членови на Советот и претставник на Град Риека беше во Република Македонија од 08. до 14. март 2009.
Делегацијата ги посети неколку институции и градови: Скопје, Министерство за надворешни работи на Република Македонија, Агенција за иселеништво, Заедница на Хрватите во Република Македонија, Штип, Битола, Прилеп, Крушево и Охрид. Г-ѓа Ксенија Линиќ, како претставник на Град Риека и водач на делегацијата, ги запозна домаќините со положбата на припадниците на националните малцинства во Хрватска, особено во градот Риека.
Советот учествуваше во основање на Координација на советите на Град Риека. Исто така учествуваше во предлозите за измени на Статутот на Град Риека, како и Пословник на градскиот совет, заради реализација на правото на застапеност на националните малцинства во претставничките тела на локална и регионална самоуправа. Советот тесно соработува со останатите субјекти, па сите свои активности ги спроведува во соработка со МКД Илинден, Советот на македонската национална малцинство во ПГЖ и МПЦО. Се потпиша Договор за заедничка употреба на работниот простор и Договор за обавување административни работи. Целта е да се зацврсти заедништвото на сите припадници на македонската национална малцинство на подрачјето на ПГЖ.




