Матачићева 5, 51000 Риека 051 312 029

ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ

Посветеност на заштита на податоците за приватност

На Македонското културно друштво "ИЛИНДЕН" (во продолжение: МКД ИЛИНДЕН) му е многу важно да ги заштити безбедноста и приватноста на вашите лични податоци, затоа работиме во согласност со соодветните закони за заштита на правата за заштита на приватноста на податоците и безбедноста на податоците. Се надеваме дека политиката опишана подолу ќе ви помогне да разберете кои податоци МКД ИЛИНДЕН може да ги прибира, на кој начин МКД ИЛИНДЕН ги користи и чува тие податоци и со кого смееме да ги споделиме.

Прибирање на лични податоци

МКД ИЛИНДЕН преку својата интернет страница нема да прибира лични податоци за вас (на пр. вашето име, адреса, телефонски број или е-маил адреса), освен во случаите кога ние ги одлучите да ни ги дадете доброволно (на пр. прифаќање на сите колачиња, при директно е-маил прашање или праќање на контакт формулар, односно, давате прифаќање или ако не е поинаку пропишано со соодветните закони и прописи за заштита на вашите лични податоци.

Вашите лични податоци ги прибираме кога е тоа потребно за остварување на вашите кориснички потреби, прашања или за потребите на нашето работење:

  • во моментот кога ќе пристапите на нашата страница, прибираме информации за вашата IP адреса,
  • при праќање на контакт формулар од вас ќе побараме внесување на информации за себе (лични податоци) како што се име и презиме и е-маил адреса. Правната основа за обработка на вашите податоци е прифаќање. Со внесување на вашите податоци ни давате прифаќање за обработка на наведените податоци. Прифаќањето можете да го повлечете во секој момент со објавување на е-маил адреса: ilinden.rijeka@gmail.com,
  • ситуации во кои прибираме други видови податоци како што се датум и време на пристап на страницата, информации за хардвер, софтвер или интернет пребарувач кој го користите како и за оперативниот систем на вашиот компјутер и верзијата на апликацијата и вашите јазични поставки. Можеме да прибираме информации за кликовите и вашиот пристап на нашата страница кои се прикажани за вас.
  • кога ни се обратите преку друштвени мрежи прибираме податоци кои сте ни ги оставиле достапни при поставување на прашања или барања.

Горе наведените лични податоци ги прибираме или врз основа на прифаќање кое ви е прикажано при пристигнување на нашата страница преку скок прозор или врз основа на легитимен интерес.

Кога ни дадете прифаќање поврзано со користење на колачиња преку истите можеме да прибираме:

  • информации за вашиот посет, вклучувајќи страници кои ги пребарувате во нашата веб страница, како и консумирање на содржина, пребарување услуги и дејствија на поединечни сегменти,
  • должина на посетот на одредена страница, интеракција со неа и начин на заминување од страницата,
  • технички информации
  • информации при најавување, тип и верзија на прегледувачот кој го користите,
  • уредот кој го користите, локацијата и поставувањата на времето, додатоци на прегледувачот, оперативен систем и платформа.

Некои од наведените колачиња се неопходни за да ви дадеме бараните информации и за да за вас извршиме барана активност или дадеме посакувани информации.

Повеќе за колачињата можете да дознаете тука.

Цел и заштита на лични податоци

МКД ИЛИНДЕН се обврзува дека ќе ги заштити приватноста на податоците на своите корисници во согласност со GDPR, Законот за спроведување на Општата уредба за заштита на податоци.

Личните податоци кои се прибираат и обработуваат во претходно наведените цели се: IP АДРЕСА, ИМЕ, ПРЕЗИМЕ, АДРЕСА, ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ, АДРЕСА Е-ПОШТА.

Наведените податоци се обработуваат и користат со цел:

  • користење на услуги на нашата веб страница,
  • што поефикасна обработка на прашања
  • за давање корисничка поддршка
  • статистичка обработка на податоци (аналитика на страница)
  • подобрување на квалитетот на содржината и функционалноста на страницата

Ако не сакате вашите лични податоци да се користат како поддршка на нашиот однос, ќе ја почитуваме вашата одлука. Не продаваме ниту на кој друг начин не ги пласираме вашите лични податоци на трети страни.

Сите податоци се строго чуваат и се достапни на одредени соодветни оддели кои оправдуваат обработка за наведените користи. Корисникот во секој момент може да побара бришење односно анонимизирање на своите податоци, освен оние поврзани со сметководствени потреби, односно евиденција за плаќање/купување производи и услуги од нашата понуда. Овие податоци се архивираат според законскиот рок од 11 години.

Пристап до лични податоци имаат само лица овластени од страна на МКД ИЛИНДЕН. Вработените и договорните партнери кои имаат пристап до лични податоци, со МКД ИЛИНДЕН имаат склучен соодветен договор за заштита и тајност на податоци.

МКД ИЛИНДЕН ги чува личните податоци до опозив, одјава или барање за бришење во согласност со хрватското и европското законодавство или до исполнување на целта заради која се прибирале и обработувале податоците.

Управување со достапните лични податоци

Ако лицето сака, може да побара повлекување на своите податоци од базата, односно т.н. анонимизирање. Истата може да се побара на наведените канали за контакт.

Ограничување на целта

МКД ИЛИНДЕН ќе прибира и користи лични податоци кои сте ги доставиле преку интернет исклучиво во целите кои се наведени, освен во случај ако е:

  • користење на лични податоци во некоја дополнителна цел која е директно поврзана со првобитната цел во која личните податоци се прибирале,
  • неопходно за подготовка, преговори и извршување на договор со вас, определено со закон или од страна на соодветните државни или судски власти,
  • неопходно за да се поткрпи или зачува правно барање или неопходна одбрана,
  • неопходно за да се спречи измама или други незаконити дела, како намерни напади на системите на информациската технологија во сопственост на МКД ИЛИНДЕН.

Комуникациски податоци или податоци за употреба

Со користење на телекомуникациски услуги за пристап на нашата интернет страница, вашите комуникациски податоци (на пр. адреса на интернет протокол – IP адреса) или податоци за употреба (на пр. податоци за времето на почеток, крај и опсег на секој пристап и информации за користените телекомуникациски услуги) може да се генерираат технички и потенцијално да се поврзат со лични податоци. Ако постои неопходна потреба, вашите комуникациски податоци или податоци за употреба ќе бидат прибрани, обработени и користени во согласност со важечките правни прописи за заштита на податоци и приватност.

Прибрани податоци и обработка на податоци во трети земји

Кога ни дадете прифаќање поврзано со користење на колачиња можеме да прибереме ваши податоци (на пр. вид на интернет прегледувач и оперативен систем кој го користите, име на домен на интернет страницата од која дојдовте, број на посети, просечно време поминато на страницата, прегледани страници).

Можеме да ги користиме тие податоци за да ги следиме активностите на нашите интернет страници и за да ги подобриме нивните резултати или содржина, а притоа податоците се испраќаат во трети земји (САД) преку користење на Google аналитички и комуникациски алатки (Google Analytics, Google Tag Manager, Google Maps) и алатките на компанијата Meta (Facebook pixel).

GOOGLE

Правилата за прибирање податоци од страна на компанијата Google можете да ги прочитате на: https://policies.google.com/privacy?hl=hr

META

Правилата за прибирање и користење на податоци од страна на компанијата Meta можете да ги дознаете на: https://www.facebook.com/privacy/policy/

На обработката на податоци од страна на компаниите Google и Meta во рамките на вашето користење на наведените друштвени мрежи и алатки МКД ИЛИНДЕН не може да влијае целосно. Ве молиме внимателно да ги прочитате нивните правила за да знаете на кој начин ги обработуваат вашите лични податоци.

Малолетни лица/деца

МКД ИЛИНДЕН нема свесно да прибира лични податоци од деца без инсистирање на порано прифаќање на родителите ако тоа го бара соодветниот закон. Ќе користиме или ќе дадеме лични податоци за детето само до мера дозволена со закон за да побараме прифаќање на родителите во согласност со локалните закони и прописи или за да го заштитиме детето.

Безбедност

За да ги заштитиме вашите лични податоци од случајно или незаконско уништување, губење или менување и од неовластено давање или пристап, МКД ИЛИНДЕН редовно спроведува соодветни технички и организациски мерки за заштита при прибирање и користење на лични податоци против неовластено или незаконско постапување, случајно губење, уништување или оштетување. Систематски преземаме сите можни дејствија за максимално да ја заштитиме вашата приватност додека ја користите нашата веб страница.

Врски кон други страници

Нашата интернет страница содржи врски кон други страници. МКД ИЛИНДЕН не е одговорен за односот кон приватност или содржина на други интернет страници.

Период на чување на лични податоци

Според GDPR прописот, податоците се чуваат во облик кој овозможува идентификација на личноста онолку долго колку е потребно во целите заради кои личните податоци се обработуваат, односно да не се задржуваат подолго од тоа што е потребно за целта за која се прибрани.

Поставките за вашите избори за колачиња ќе ги чуваме една година по што ќе ве побараме повторно прифаќање, освен ако самата цел на колачињето не е наведено поинаку траење (кое можете да го проверите во Правилата за користење на колачиња), докази дека ви остваривме некое од вашите права, односно дека ви одговоривме на некое од вашите прашања, барања или нарачки ќе ги чуваме трајно; податоците за вашата адреса на електронска пошта (е-маил) кои ни ги оставате со цел праќање на контакт форма ќе ги чуваме до повлекување на вашето прифаќање. Податоците од финансиска природа, односно лични податоци од фактури, од сметководствени потреби, ќе ги чуваме до 11 години.

Прашања и коментари

МКД ИЛИНДЕН ќе одговори на разумни барања за ревидирање на вашите лични податоци и за исправување, дополнување или бришење на неточност. Ако имате било какви прашања или коментари за политиката за заштита на податоци за приватност (на пр. барање да се ревидираат и ажурираат вашите лични податоци), ве молиме да не контактирате преку електронска пошта: ilinden.rijeka@gmail.com. Паралелно со развојот на интернет, ќе се развива и нашата политика за заштита на приватност на податоци. На оваа страница ќе ги поставиме промените на нашата политика за заштита на приватност на податоци. Ве молиме редовно да ја проверувате оваа страница за да бидете информирани.

Вашите права

Според Општата уредба за заштита на податоци, имате право на:

  • пристап до податоците кои ги чуваме за вас
  • да побарате бришење на лични податоци од нашиот систем
  • да побарате да ги ажурираме/измениме вашите лични податоци
  • да побарате ограничување на обработката на податоци
  • да побарате пренос на вашите податоци на трета страна

Вашите права можете да ги остварите така што ќе не контактирате преку електронска пошта: ilinden.rijeka@gmail.com.

Контакт на водител на обработка и заштита на лични податоци

Вашите прашања, коментари и барања се добредојдени и во врска со тоа можете да не контактирате на следниве начини:

Македонско културно друштво "ИЛИНДЕН"
Матачићева 5, 51 000 Риека
ОИБ: 27273901717
Е-маил: ilinden.rijeka@gmail.com

Стапување на сила и промени на Правилата за приватност

МКД ИЛИНДЕН задржува право на дополнување и измена на Правилата за приватност, без претходна објава, со објавување на изменет текст на оваа страница.

Промените на овие правила за приватност стапуваат на сила веднаш по објава на страницата.

Правилата се последен пат ревидирани во јануари 2025. година.


ИМАТЕ ЛИ ПРАШАЊА? СЛОБОДНО КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ.


MZOM
SZNM
PGŽ
GRAD RIJEKA
MKD ILINDEN