Матачићева 5, 51000 Риека 051 312 029

МКД „ИЛИНДЕН“

ЗА НАС

МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“, РИЕКА


MKD ILINDEN

MKD ILINDEN

Целта на ова друштво е да се сочуваат македонската култура, јазик и традиција.

Името „Илинден“ е одбрано како основа за поврзување на Македонците во Риека, бидејќи во себе носи историско, верско и судбинско значење и на тој начин ги поврзува Македонците од сите делови на Македонија во мултикултурниот град Риека.

Благодарение на своето долгогодишно дејствување, на организацијата и на толеранцијата, заслужено го носи епитетот угледно културно друштво во Риека. Исто така, „Илинден“ е иницијатор на дополнителната настава по македонски јазик според моделот Ц на Министерството за наука, образование и спорт, која се одржува во ОУ „Центар“ во Риека, како и во Првата сушачка хрватска гимназија, а иницијатор е и на одржувањето настава на Лекторатот за македонски јазик при Филозофскиот факултет во Риека.

МКД „Илинден“ е добитник на златната плакета со грбот на градот Риека во 2011 година за дваесетте години континуирана успешна презентација на македонската култура и традиција, како и за развој на соработката меѓу двете пријателски земји.


MKD ILINDEN

ИМАТЕ ЛИ ПРАШАЊА? СЛОБОДНО КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ.


MZOM
SZNM
PGŽ
GRAD RIJEKA
MKD ILINDEN