ФОЛКЛОРНА СЕКЦИЈА - ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА И КУЛТУРАТА
Фолклор во Илинден работи од самиот основање а во 1. монографија МКД Илинден 1991 – 2006, првите фотографии се појавуваат од 1996. година кога се славеше Илинден во Самобор. Фолклорна група ја предводеше Гордана Кртевска а активни играорци беа: Иван Каранфиловски, Кире Марковски, Сандо Зафиров, Васка Ливајиќ, Донка Томљеновиќ, Илинка Танчева а на гајди свиреше Кирило Трајковски.
На Вонредна скупштина 1997. година (поради измена на Законот) фолклорна група настапува во проширен состав со гајдаџија Кирил Трајковски и гитарист Деан Богиќ. Освен горе наведените играорки, настапуваа и Стојанка Ившиќ, Фросина Марјановиќ, Елена Христодулова, Лидија Божиќ, сестрите Биљана и Софија Јакоповиќ.
Следната година настапува и на првата Етно смотра на Град Риека под наслов "Богатството е да се живее заедно" која се одржа во Заедницата на Италијанците во Риека. На групата им се придружија и Лена Пешун, Магда Динова, Спасена Младеова и Санде Доневски и најмладиот Данијел Томљеновиќ. Публиката ја восхитуваа со песните Ој Вардаре, Прстен ми падна, Битола мој роден крај, Како што е таа чаша...
Од 1998. година започнува интензивно дружење со Македонците од Словенија, од Крањ и Љубљана па следеа меѓусебни гостовања но и заеднички настапи пред риечката и словенечката публика во кои со Илиндените настапуваа Љубен Димкароски и групата "Струне".
Во тој состав под водство на Гордана Кртевска и во соработка со Љубен Димкароски Македонците се претставуваат за Денот на антифашистичката борба во РХ во ХКД-то на Сушак на Свечена академија "Татковината и љубовта" и сè до 2000. година кога водството на фолклорна група го презеде Лидија Ѓоревски. Првиот настап се одржа во Филодраматиката на Редовна скупштина 16.04.2000. година. Освен продолжување на соработката со Димкароски започнува многу интензивна соработка со Македонците од Загреб па дел од проби ги води проф. Иван Качуров и неговите синови. Се играат кореографиите Биљана платно белеше, Невестинско, Пајдушко, Марино оро итн.
Секоја година се учествува на Етно смотра на Град Риека а 2001. година освен на Македонска вечер во Хотелот Небодер која се одржа 13.01.2001. година, МКД Илинден се претстави за Деновите Св. Вид, заштитник на Град Риека, со кореографија Водарки под водство на Лидија Ѓоревски која ја играа Сања Полиќ, Фросина Марјановиќ, Елена Христодулова, Лидија Божиќ, Милена Ристевски, Зорица Пејоска, Ивона Дуноски Митев. Во тој состав се слави Илинден на Платек, во Фужине итн. За Ден на жените 2003. година на секоја членка на фолклорот семејството Алексовски дарова подарок и тие девојки ги претставуваат Илиндените на секоја манифестација.
При преселба на Друштвото во центарот на градот на адреса Матачићева 5, организацијата на проби ја презеде Ивона Дуноски Митев и заедно со кореографот Баже Ѓоѓев од Штип формира млада група која започнува да учи најкомплексна кореографија "Скопско – На сред село" бидејќи друштвото располага со машки и женски носии точно од тој дел на Македонија. Фолклорна група тогаш ја сочинуваат: Сања Полиќ, Александра Пилчиќ, Милена Ристевска, Биљана Јакоповиќ, Зорица Пејовска, Биљана Зафирова, Кристина Јуркотиќ, а ја води Ивона Дуноски Митев.
2006. година со кореографија Бркање на чумата, Илиндените се претставија на отворањето на македонскиот ресторан Скопски мерак, а составот го сочинуваат: Александар Чомов, Марјан Митев, сестрите Гордана и Ивана Милчова и Викторија и Елена Ѓорѓевска, Сања Полиќ, Кристина Јуркотиќ итн. Во соработка со Македонците од Пула со друштвото Кочо Рацин, водетел Зика Георгиев и Игор Јаневски, се подготвува заедничка кореографија Егејски игри која играорците (на Илиндените им се придружи Рената Кузмановска) заеднички ја изведуваат на Македонска вечер во Кристална сала во Опатија.
2007. година 13.01. трибина "Без предрасуди" и збор: Ванчо Милчов, Јуре Ружиќ, Александар Чомов, Рената Кузмановска, Марија Арбанас, Славица Чомов, Биљана, Јакоповиќ...
23 и 24.02.2007. година дел од фолклорна група патува во Македонија, Св. Николе на Меѓународен фестивал на изворен фолклор на народни песни и кола "Тодорица 2007". Бидејќи Илиндените во состав: Александар Чомов, Шпреса Чуле, Биљана Зафирова, Сања Полиќ, Елена Христодулова и Ивона Дуноски Митев, настапуваа надвор од конкуренција, добија благодарница и сите зборови на пофалба од г-ѓа Родна Величкова – етно-музиколог од Институтот за фолклор "Марко Цепенков" од Скопје. Во мај истата година, Илинденките се покана на Бал на лекарите во Опатија и таму се претставија со кореографија Од ова трло, потоа во Лудбруг на 6. фолклорни средби на покана на КУД Анка Оспух и на семинар Подготовка на кадар на националните малцинства во Заедницата на Италијанците во Риека изведуваат кореографија Скопско – Соборски игри и песни - Александар Чомов, Марјан Митев, Сања Полиќ, Елена Христодулова, Ненси Чаргоња Кошута и Ивона Дуноски Митев.
На Етно смотра на Град Риека Илиндените на риечкиот Корз заедно со Ален Полиќ ја изведоа оригинална македонско – приморска верзија на песната Јовано Јованке која Ален ја спои во каставската песна Бела недеља, бели ден.
На манифестација Културно творештво на националните малцинства во Лисински во Загреб Македонците заеднички ги претставија МКД Македонија од Сплит и Илиндените со кореографија Скопско – Соборски игри и песни и тоа во состав: Александар Чомов, Сања Полиќ, Биљана Зафирова, Ненси Чаргоња, Ивона Дуноски и придружен член од Пула Игор Јаневски.
Македонска вечер 01.12.2007. година ја отвори многубројна фолклорна и пејачка група во опатскиот хотел Белеви во состав: Славица и Александар Чомов, Ивона Дуноски, Биљана Зафирова, Драгана Дрљача, Александар Олујиќ, Елена Христодулова, Кристина Јуркотиќ, Петар Кошута, Ненси Чаргоња.
Демократска заедница на Унгарците во април 2008. година организира манифестација Најдрага Риека каде се претставија и фолклор и пејачи на МКД Илинден во своите носии.
Многу значаен настан кој го отворија својата програма фолклорна и пејачка група на Илинден е отворањето т.е. почетокот на наставата на македонски јазик во О.Ш. Центар. Високи уважени лица и останатите посетители можеа да уживаат во македонски народни песни и четиринаесетминутна кореографија Жетварка која на членовите ја научи Ивона Дуноски. Тогаш настапуваа: Анкица и Здраве Зафиров, Александар и Славица Чомов, Магда Динова, Васка Ливајиќ, Ванчо Милчов, Елена и Викторија Ѓорѓевска, Цветанка Томашевска, Вероника Манце, Стојанка Ившиќ, Ненси Чаргоња, Марјан Митев, Кристина Јуркотиќ, Ивона Дуноски, а истите членови го обележаа и Денот Св. Кирил и Методиј истата година во Роч и Хум во Истра.
За Ден на невиноста на РМ, Илиндените ги покани тогашниот Амбасадор на РМ во РХ Данчо Марковски и имаа чест пред високи уважени лица да отпеат хрватска и македонска химна и преку кореографија да прикажат жетварски обичаи во Македонија. Коreографијата Жетварка имаа прилика да ја видат и многубројни риечани на риечкиот Корз на Етно смотра на Град Риека.
На покана на КУД Извор од Вишково, а поводом нивниот заштитник Св. Матеј т.е. манифестацијата Матејна, пејачката група се претстави со неколку песни, а фолклорот во нови Егејски градски носии ја изведе кореографија Егејски игри.
Во ноември се организира традиционална Македонска вечер која овој пат ја отвори музичка група во состав Јуре Ружиќ, Марјан Митев, Ванчо Милчов и Коле од Радовиш со песната Нико Меанџико и фолклорна група со кореографија Од ова трло.
Пред крајот на годината МКД Илинден организираше неколку хуманитарни настапи со фолклорна и пејачка група кај пензионерите во Домот Кантрида, со заштитениците на Домот Св. Ана и во Домот за деца и младин – О.Ш.тро.
Во март 2009. - истата година на Редовна Скупштина на МКД-то, настапуваа и пејачка и фолклорна група, во Егејски носии со кореографија Пуштено оро (коло од Егејскиот дел на Македонија кое означува слобода) а истата постава и на Денот Св.Кирил и Методиј во Алејата на глаголицата во Истра.
Првиот цел вечерен концерт на МКД Илинден "Свечена вечер на македонскиот фолклор" се одржа на голема сцена на ХКД-то на Сушак. Оркестарот го сочинуваа: Јуре Ружиќ – гитара, Марјан Митев – хармоника, Ванчо Милчов – тапан и Сандi од групата Лет 3 – бас гитара. Пејачка и фолклорна група: Магда Динова, Анкица, Биљана и Здраве Зафиров, Славица и Александар Чомов, Мануела Златкова, Ивана и Гордана Милчова, Сања Полиќ, Елена и Викторија Ѓорѓевска, Цеце Томашевска, Коле, Спасена и Илија Младенов, Кристина Јуркотиќ, Ненси Чаргоња и Петар Кошута, Тереза Колариќ... Дечија фолклорна група: Лука и Дарија Полиќ, Марта Давчев, Јелена Прга, Хана Мехонјиќ, Викторија Калиќ, Давид Давчев, Сања Касумовиќ. Се изведоа песните: Елено керко, Абер ми дојде, Што имала ксмет Стамена, Едно срце имам, Вела Лука, Тгнало ми лудо младо, Не стој Донек Донке и кореографии Скопско, Жетварка и Егејски игри. Целата програма ја водеше новинарката Хелена Анушиќ облечена во македонска народна носија, а техничка поддршка ја обезбеди Саша Марковски. Гости беа Ален Полиќ и КПД Калјина, СКП Просвета Пододбор Огулин, КУД Звир Јеленје, КУД Извор Вишково. Последната песна Македонско девојче ја изведоа сите учесници во програмата како поздрав до прекрасната публика. На сите гости им се поделија подароци благодарност, а букет цвеќе ги изненади и организаторката и водителката Ивона Дуноски кој ѝ го предаде Петар Кошута во име на сите членови на МКД Илинден.
Обележувањето на Денот на независноста започна со пеење на химни и со неколку македонски песни во изведба на пејачка група и оркестар; Јуре Ружиќ, Марјан Митев, Марко Сердоз, Славица Чомов, Анкица и Здраве Зафиров, Вероника Манце, Сања Полиќ и Ивона Дуноски. Етно смотра се одржа во Чешки дом во Риека, а Илиндените се претставија со песните Лихнида кајче веслаше, Абер ми дојде и кореографија Егејски игри. Истата програма се изведе и на Матејна, ист ден во организација на КУД Извор. На фестивалот "Со хармоника во Кастав" се пееја песните Зурли Трешчат, Не стој Доне Донке, Тргнало ми лудо младо и Битола мој роден крај. Следеа и хуманитарни концерти кои беа одржани и пред крајот на 2008 - ата година. Голема задача Илиндените имаа во еден ден во ноември, кога се обележа Ден на ЗМРХ во Самобор и Вечер на националните малцинства во Бјеловар. Тогаш Илиндените покажаа што работеа цела година и со песната Земјо моја – печалбари ги разплака Македонците во публиката во Самобор; цел вечерна програма ја водеше Ивона Дуноски, а техничка поддршка ја даде членот Дражен Равлиќ. Во Бјеловар богатството на македонската носија беше прикажано преку пејачка група и носии од Повардарие и фолклорна група во сосема различни градски носии од Егејска Македонија. Освен разновидноста на носии, богатството беше и во бројноста на Илиндените на сцената и сплотеноста да и покрај поминатите километри и одржаниот настап во Самобор, трчачки чекори се отиде до автобусот за да во Бјеловар осветлат лицето на сите Македонци во РХ.
На покана на раководителката на Домот за пензионери Кантрида, а на барање на заштитениците, 20.10.2009. година се одржа цел вечерен концерт од хуманитарен карактер во кој освен македонски песни се можеше да се видат и неколку кореографии на фолклорна група, дури секоја кореографија во носија карактеристична за тој одреден територијален дел на Македонија.
Македонска вечер 14.11.2009. година се одржа во Опатија, во Хотелот Белеви, а младите играорци освен испеан почеток на вечерта во различни носии, такво расположение имаа до раните јутрешни часови и во "цивилки".
Во март 2010. година при отворањето на Денот на македонската кинотека во Арт кино се изведоа песните Не ли ти реков, Земјо моја, Тргнало ми лудо младо и Не стој Доне Донке. А ист месец на Скупштината на МКД Илинден ист состав: Јуре Ружиќ, Марјан Митев, Иле и Јелена Мојчески, Славица и Алекандар Чомов, Анкица и Здраве Зафиров, Магда Динова, Гордана Милчова, Биљајн Зафирова, Сања Полиќ, Андреја Душaniќ, Ванчо Милчов, Вероника Манце, Викторија Ѓорѓевска изведоа освен химни на РХ и МК, песните Дафино вино црвено и Мајка на Марика думаше.
Во мај групите настапуваат во Тињано во Истра, па во Заедницата на Италијанците за Ден на мајката. Следни настапи беа на Етно смотра на Град Риека и отворањето на изложбата на сликар Александар Јанкулоски.
2011 - та година започна со Македонска вечер, потоа настап во Делница во Раднички дом за Валентиново, Скупштина на МКД Илинден 26.03., обележување на Денот на Св. Кирил & Методиј во Башка, настап пред Јурандвор и црквата Св. Луција, се одржа цел вечерен концерт МКД Илинден и пријатели во ХКД-то на Сушак и се настапуваше за промоција на книгата на Ивона Дуноски "Нескротливо чувство" во просториите на МКД Илинден. Пред крајот на годината се патуваше во Осијек на Ден на ЗМРХ и традиционално Дом во О.Ш.тро и на Кантрида. Во таа година програмите се состоеја од следниве песни: Параходот, Може ли цвеке без вода, Не ли ти реков, Битола, Брала мома капини, Илинденска, Свечена химна за Кирил&Методиј, Молитва, Праша ли Тинке, а исто така и хрватски песни како Ружо моја црвена. Коreографиите кои ги изведуваа фолклорна и дечија фолклорна група се: Пуштено оро, Егејски игри, Пајдушко оро, Малешевско, Од ова трло, Елено и Пиринско.
Марјан Митев го презема водството на фолклор и збор во 2012.-та и 2013.-та година, во кои се поставија кореографии Овчарка и Циганчица, Малешевско оро, па во еден дел од годината фолклор го води Гордана Милчова, а подоцна пак Ивона Дуноски Митев. Во некои месеци на зголемувањето на бројот на играорци влијаеше и пријателството и истата генерација играорци од СКД Просвета од Риека. Се гостоваше во Делница, Равна Гора, во Карловац, се настапуваше за Ден на државноста на РМ, за Деновите Св. Кирил и Методиј, на Вишково за Матејна, Етно смотра на Град Риека, на Вишково на покана на СКД Просвета Пододбор Вишково итн. Таа година се одржаа 65 проби на фолклор и 31 проба на пејачка група.
Настапуваа: Александар Чомов, Андреја Душaniќ, Гордана Милчова, Вероника Манце, Александар и Босилка Цетиња, Елена и Викторија Ѓорѓевска, Тереза Колариќ, Сара Ѓурѓевиќ, Иле Мојчески, Марјан Митев, Роберт Михајиќ, Бранко Шкориќ, Филип Маравиќ, Дејан Спасојевиќ, Цветанка Томашевска, Сања Полиќ, Јелена Прга, Ивона Дуноски Митев.
Во 2014.-та и 2015.-та година се уште се одржуваат проби, се настапува на сите манифестации важни за македонската национална малцинство, а исто така се почитува мнозинскиот народ и се остварува соработка и со други национални малцинства. Продолжуваат и хуманитарни концерти, а исто така традиција станува да се биде дел од Екуменскиот недела кој се одржува во Риека секој јануари.
Во Риека и во ПГЖ во македонската национална малцинство фолклор, танц и песна отсекогаш биле темелени на љубов, голем труд и аматеризам кој вклучувајќи ги напорите на сите водетели, бидејќи ниту еден од нив не се занимава професионално со фолклор, а и на сите членови на групите секогаш резултираше со квалитетни настапи. МКД Илинден освен неколку оригинални носии од различни краеви на Македонија е сопственик на 12 комплети женски и 6 комплети машки народни носии од Повардарие, од средна Македонија, па повеќето кореографии се претставуваа во нив. Во 2007. година во соработка со битолскиот етнолог г. Валентин Соклевски, се нарачуваат 9 комплети женски Егејски градски носии и се надополнуваат одредени делови од машката Егејска носија. Во склад со тоа, се поставуваат и кореографии, се пеат и песни од Егејски краеви, а неброени пати имавме прилика да видиме восхит во очите на публиката кога играорците се појавуваа токму во таа носија.
Сите кои беа дел од чекорите или нотите на македонските песни и ора во МКД Илинден, осетија топлина и радост кои македонската национална малцинство со гордост ги претставува далеку од својата "татковина" во мултикултурна Риека, во ПГЖ и РХ.
Надеж и вера во продолжување на успешното негување и сочувување на традицијата и културата на сè македонско е во учениците кои присуствуваат на дополнувачка или изборна настава на македонски јазик во О.Ш. Центар, Прва хрватска сушачка гимназија и студенти на Филозофски факултет, и во тоа дека и во четвртата генерација Македонци ќе тлее македонско сонце.
Ивона Дуноски Митев, декември 2015. година




