МКД „Илинден“ во соработка со Претставникот на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија и со Советот на македонското национално малцинство за Град Риека во рамките на Деновите на македонската култура 2024 ја организира манифестацијата „Детска радост“ која ќе се одржи в
петок 20 декември 2024 година, во 18 часот.
Во програмата учествуваат учениците кои го изучуваат македонскиот јазик по моделот Ц во ОУ „Центар“ во Риека и во Првата сушачка хрватска гимназија во Риека.
Овогодишни драги гости ни се децата ученици во ОУ Срдочи.
Поздрав и се гледаме во МКД „Илинден“!
Среќни и бериќетни празници ви посакуваат сите правни субјекти на македонското национално малцинство во Риека и во ПГЖ!
*******************************
Одржувањето на манифестацијата е овозможено со средства од државниот буџет на Република Хрватска, со посредство на Советот за национални малцинства на Владата на Република Хрватска и Министерството за наука и образование, со средствата на Приморско-горанската жупанија, како и со сесрдната помош од Град Риека, од Претставникот на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија, од Советот на македонското национално малцинство за Град Риека, и со несебичното залагање на сите поединци во реализацијата на оваа програма, за што најискрено им се заблагодаруваме.